Во тек е изградба на мост кој е од значителна важност за населените места Бела Црква, Обршани, Воѓани, Пашино Рувци

Бела Црква, Обршани, Воѓани, Пашино Рувци и сите населени места за брзо време ќе можат да го користат мостот кој што за жителите на овој регион им е од исклучителна важност и истиот беше баран со децении.
✔️ Во иднина во заедничка соработка со Општина Могила ќе се дозаврши локалниот пат за поврзување на двете општини.
✔️ Ќе продолжиме да работиме активно за решавање на сите предизвици и ќе ги употеребиме сите потенцијали за подобрување на нашите населени места.