РЕЗУЛТАТИ ОД ПАРТНЕРСТВОТО НА ОПШТИНАТА СО ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (2021-2026) им помага на единиците на локалните самоуправи да ги зголемат приходите од сопствени извори, да обезбедат поголемо надворешно финансирање, да ја зголемат стапката на реализација на буџетот и да го унапредат извршувањето на децентрализираните надлежности.

Општина Кривогаштани беше една од третата група на 24-те партнер општини кои соработуваа со Проектот од мај 2023 година до декември 2024 година. Како резултат на 18 месечното партнерство и добиената техничка поддршка, остварени се следните резултати:

 Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,

• Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина”

• Зголемен индекс на даночна транспарентност на Општина Кривогаштани за 2023‐2024 на 46%, во однос на 2022-2023 кога изнесувал 17%,

• Зголемен индекс за буџетска транспарентност за 2023-2024 на 15 (од можни 16) индексни поени, во однос на 2022-2023 кога изнесувал 7,

• Подобрена информираност за надлежностите на општината, преку кампањата “Општина на дланка”,

• Подобрена активната транспарентност која во 2024 година изнесува 73.9%1, во однос на 2023 кога изнесуваше 65.2% (од можни 100%),

• Подготвен и објавен Граѓански буџет за 2024,

Кривогаштани-Активности и резултати