Во Општина Кривогаштани ќе се спроведе адултицидна теристичка дезинсекција со цел уништување на комарци

Врз основа на одлуката на ЕЛС-Кривогаштани за спроведување на системска дезинсекција,Центарот за јавно здравје -Прилеп Ве информира дека на ден 23.06.2025 год. во периодот од 21:00 до 04:00 на територијата на општина Кривогаштани екипа на Центарот за јавно здравје ќе спроведува адултицидна туристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарци. Дезинсекцијата ќе се спроведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните локации: н.м Врбјани, н.м Крушеани,н.м Обршани, н.м Бела Црква, н.м Пашино Рувци, н.м Боротино, н.м Славеј, н.м Кривогаштани, депонија, Блато река,Пречистителна станица, Пилана, Резервоар попатни канали и шамаци и места со стоечки води. Со цел избегнување на евентуални несакани последици, се известуваат пчеларите да преземат превентивни мерки на заштита на пчелните семејства. Во случај на појава на неповолни временски услови (дожд,ветар) дезинсекција се одложува за следниот поволен ден.Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЗЈ -Прилеп и општина Кривогаштани се оградуваат од секаква одговорност од појава на несакани последици.