Едукативна презентација во ООУ „Јонче Смугрески“ по повод „Недела на безбедноста во сообраќајот 2025“

Во рамки на активностите по повод одбележувањето на „Недела на безбедноста во сообраќајот “, на ден 22.09.2025, во Основното општинско училиште „Јонче Смугрески“ се одржа едукативна презентација организирана од страна Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата како и претставници од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и патишта, полициска станица Кривогаштани со Инспектор за ЈРМ и превенција и претставници од секторот за превенција од СВР Битола а во соработка со училиштето.

Се одржаа интерактивна и едукативна сесија со учениците од 6,7,8 и 9 одделение, при што на интересен и прилагоден начин беа обработени теми од областа на безбедноста во сообраќајот. Посебен акцент беше ставен на правилното учество на децата како пешаци и велосипедисти, почитувањето на сообраќајните правила и знаци, како и важноста од користење сигурносна опрема.

Преку визуелни материјали, практични примери и интерактивна дискусија, учениците имаа можност да научат повеќе за тоа како да се движат безбедно во сообраќајот, а воедно и да поставуваат прашања и да споделат свои искуства.

Целта на оваа активност беше подигнување на свеста кај најмладите за значењето на сообраќајната култура и превенцијата на сообраќајни незгоди, како дел од пошироките напори на РСБСП и образовните институции за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.