На 03.11.2025 год. во просториите на Општина Кривогаштани, се одржа свечен чин на примопредавање на функцијата градоначалник.
Досегашниот градоначалник Никола Мискоски официјално ја предаде функцијата на новоизбраниот градоначалник Игор Каравилоски.
Во пријатна и конструктивна атмосфера, двајцата градоначалници ја истакнаа важноста од континуитет во работењето на локалната самоуправа и одговорноста кон граѓаните на Општина Кривогаштани.
Господинот Мискоски му посака успешна работа на својот наследник, изразувајќи благодарност до соработниците и жителите на општината за поддршката во изминатиот период.
Новиот градоначалник Игор Каравилоски на општина Кривогаштани се заблагодари за довербата што му е укажана од граѓаните и најави дека ќе работи посветено, транспарентно и во интерес на сите жители на општината, со фокус на развој на локалната инфраструктура, подобрување на јавните услуги и поттикнување на економскиот развој.



