Седницата ја отвори минатиот претседател на Советот Горан Новакоски, согласно законските одредби, а присутни беа избраните советници, претставници на општинската администрација и Градоначалникот на општина Кривогаштани Игор Каравилоски.

По верификацијата на мандатите на советниците и давањето свечена изјава, Советот премина на избор на претседател на Советот на Општина Кривогаштани, и едногласно од страна на сите советници беше избран Андреј Ацески од редовите на политичката партија ЛЕВИЦА, кој во своето обраќање се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе работи посветено и транспарентно во интерес на граѓаните на Општина Кривогаштани.
На седницата беше нагласена потребата од соработка, единство и заедничка работа на сите советници со цел подобрување на условите за живот и развој на општината.
По завршувањето на изборот и донесувањето на потребните одлуки, седницата беше свечено затворена.