Ве информираме дека започнаа активностите на еден значаен проект за Пашино Рувци, инвестиција која ќе донесе подобра локална инфраструктура и повисок квалитет на живот.
За нас е многу важно секој жител да биде вклучен во процесот. Затоа, беа поставени соодветни сандачиња и подготвени формулари каде што ќе можете да ги оставите вашите забелешки, поплаки или предлози во врска со изведбата на проектот.
Продолжуваме да работиме посветено, одговорно и со јасна цел, подобра и помодерна Општина Кривогаштани за сите.


