Социјална и здравствена заштита

Почитувани сограѓани,

Општина Кривогаштани продолжува со континуирани активности за унапредување на социјалната и здравствената заштита, со посебен фокус на лицата и семејствата во социјален ризик. Во партнерство со Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп, воведуваме бесплатни социјални и здравствени услуги во домот, со цел навремена, стручна и достапна поддршка за најранливите категории граѓани.

Услугите ќе ги обезбедува стручен тим составен од:

🟢 Физиотерапевт – за подобрување на физичката мобилност и полесно секојдневно функционирање.

🟣 Психолог – за ментална и емоционална поддршка.

Овие услуги претставуваат значаен чекор кон создавање поинклузивна и посолидарна заедница, во која секој граѓанин има пристап до соодветна грижа и поддршка.

📞 За информации и пријавување, граѓаните може да се обратат во просториите на здружението или да се јават на телефонскиот број 076/250-299, секој работен ден во времето од 09:00 – 15:00 часот.