Општина Кривогаштани се приклучува кон иницијативата „3 Hearts“

Општина Кривогаштани се приклучува кон иницијативата „3 Hearts“! ❤️💚💙

Денес го потпишавме Меморандумот за соработка со ЛАГ АГРО ЛИДЕР, со што општината станува дел од заедничката мисија – од отпад да создадеме вредност, од стара хартија – нова креативност!

Во рамки на иницијативата ќе се реупотребува отпадна хартија и, со примена на енергетски ефикасни практики, ќе се произведуваат еко моливи и боички – безбедни за децата и животната средина.

💛 3 Hearts – три срца, три силни пораки:

❤️ Срце за спасување на дрвјата

💚 Срце за грижа за планетата Земја

💙 Срце за „обојување“ на позелен свет

Под слоганот „Од отпад – до вредност. Од стара хартија – до нова креативност!“, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со училиштата, бизнис заедницата и јавните институции ќе создава производи од одржливо потекло, кои нудат квалитетно искуство за пишување и цртање – без грижа на совеста.

Овие еко моливи и боички ќе ја спојат:

🌱 еколошката одржливост – преку намалување на отпадот, реупотреба на хартија и заштита на шумите

🔋 енергетската ефикасност – преку примена на еко-производствени практики

♻️ едукацијата за циркуларна економија

🤝 социјалното влијание – преку вработување лица од ранливи заедници и создавање зелени работни места

Aктивностите на проектот „Еко моливи и боички од отпадна хартија“, се реализираат благодарение на поддршката од People in Need North Macedonia во рамките на проектот:„Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија и реализиран со партнерство на АРНО, LEAD и Ековита.