Денес во просториите на Општина Кривогаштани се оствари официјална средба помеѓу градоначалникот на Општина Кривогаштани, Игор Каравилоски и Н.Е. Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.
Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со посебен акцент на можностите за соработка во областа на земјоделството и образованието – две стратешки области од исклучително значење за развојот на општината.
Во рамки на разговорите беа презентирани земјоделските потенцијали на Кривогаштани, како општина со силна традиција во примарното производство, како и интересот за размена на искуства, современи практики и знаења во агросекторот.
Посебно внимание беше посветено и на образованието како клучен фактор за долгорочен развој, при што беа разгледани можности за идна соработка, размена на искуства и поддршка на образовни иницијативи што ќе придонесат за унапредување на знаењата и вештините на младите.
Градоначалникот ја истакна подготвеноста на Општина Кривогаштани за отворање нови партнерства и иницијативи што ќе придонесат за развој на локалната економија и зајакнување на образовниот систем.
Амбасадорката изрази благодарност за топлиот прием и интерес за понатамошна комуникација и соработка во наведените области.






