Јавен апел за хуманитарна помош

Општина Кривогаштани ја информира јавноста дека на ден 16.12.2025 година, во село Воѓани, се случи пожар во кој целосно изгоре семејната куќа на наш сограѓанин, при што истиот остана без дом и без основни услови за живеење.

Со цел обезбедување поддршка и помош за надминување на последиците од оваа несреќа, Општина Кривогаштани упатува јавен апел до сите хумани граѓани, правни лица и институции кои се во можност да помогнат со донација на финансиски средства.

💳 Трансакциска сметка за донации:

Име и презиме на примачот: Јане Благадушоски, с. Воѓани, ул. „Најдо Најдоски“ бр. 149

Број на трансакциска сметка: 270700006540756

Банка: Халк Банка АД Скопје

Секој финансиски придонес, без оглед на износот, ќе претставува значајна поддршка за обезбедување основни услови за живот и започнување на процесот на обнова.

Општина Кривогаштани, во рамки на своите надлежности и можности, ќе преземе дополнителни активности за поддршка на засегнатото лице и ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции.

Ви благодариме на покажаната солидарност и општествена одговорност.

Општина Кривогаштани