Усвоен Буџетот на Општина Кривогаштани за 2026 година

Советот на Општина Кривогаштани на денешната седница го усвои Буџетот за 2026 година, во вкупен износ од 135.828.548 денари, со кој се обезбедуваат услови за стабилно функционирање на општината и континуирано унапредување на јавните услуги.

Буџетот е креиран врз основа на реални финансиски можности и законски обврски, со јасно дефинирани приоритети во областа на образованието, социјалната заштита, комуналната инфраструктура и локалниот економски развој.

Со донесениот буџет се обезбедуваат средства за редовно функционирање на општинските служби, јавните установи и институциите, како и за реализација на капитални проекти од значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Општина Кривогаштани останува посветена на одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, во интерес на сите граѓани.