Спроведена превентивна кампања под мотото „Алкохолот и воланот не се добар пар“

Денес, во соработка со Општински совет за безбедност во сообраќајот и ПО Кривогаштани, се спроведе превентивна кампања под мотото „Алкохолот и воланот не се добар пар“, со цел подигнување на свеста за опасностите од управување со моторно возило под дејство на алкохол, особено во периодот на празниците.

Во рамки на кампањата, на учесниците во сообраќајот им беа поделени едукативни материјали – флаери, обезбедени од РСБСП, преку кои беа упатени превентивни пораки и апели за одговорно однесување, почитување на сообраќајните правила и грижа за сопствената и безбедноста на другите.

Притоа, на учесниците им беа честитани новогодишните празници, со јасна порака тие да поминат безбедно и одговорно, без конзумирање алкохол при управување со моторно возило. Надлежните институции уште еднаш потсетија дека алкохолот и возењето претставуваат сериозна закана по животот и здравјето.

Со ваквите активности се испраќа јасна порака за значењето на превенцијата и заедничката грижа за безбедноста во сообраќајот, со цел празниците да поминат мирно и без сообраќајни незгоди.