Бесплатна Wi-Fi интернет мрежа во централното подрачје на општината

Општина Кривогаштани ги известува граѓаните дека од сега е достапна бесплатна Wi-Fi интернет мрежа во централното подрачје на општината.


Мрежата обезбедува стабилен интернет и широк радиус на покриеност, со цел граѓаните и посетителите полесно и побрзо да пристапуваат до интернет услуги.

Бесплатниот Wi-Fi е дел од заложбите на општината за подобрување на дигиталната достапност и квалитетот на услугите за сите граѓани.