Ликовен конкурс

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата распишува ликовен конкурс наменет за учениците од основното образование (од 1 до 9 одделение).

Темата на конкурсот е:
„Играј паметно, движи се безбедно и твори слободно“

Целта на конкурсот е да се поттикне креативноста кај учениците, но и да се подигне свеста за безбедно однесување во сообраќајот преку уметничко изразување.

Услови за учество:

Творбите треба да бидат изработени на блок број 5

На задната страна задолжително да се наведат:
име, презиме и ментор

Времетраење:

Конкурсот ќе трае 10 дена од денот на објавувањето.

Ги повикуваме сите ученици да земат учество и преку своите креативни дела да испратат силна порака за безбедност во сообраќајот.