ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ

По повод одржувањето на „Фестивалот на пиперката 2026“, привремено ќе биде затворен за сообраќај делот од улицата „Македонски просветители“, на потегот од раскрсницата со улицата „Филип Втори“ до раскрсницата кај детската градинка „Весело Штркче“.

Изменетиот режим на сообраќај ќе биде во сила:

од 29.08.2026 година (сабота), од 08:00 часот,
до 30.08.2026 година (недела), до 12:00 часот.

Во наведениот период сообраќајот ќе биде пренасочен кон алтернативни сообраќајни правци, а на затворениот потег ќе биде поставена соодветна привремена сообраќајна сигнализација.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, насоките на овластените службени лица и привремениот режим на сообраќај.

Ги замолуваме граѓаните навремено да го планираат своето движење и да не ги оставаат возилата на делот од улицата што ќе биде затворен.

Ви благодариме за разбирањето, соработката и придонесот за безбедно и успешно одржување на „Фестивалот на пиперката 2026“.